петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ „Му покажуваат лажни анкети“: Такер Карлсон тврди дека трипати го молел Трамп...

„Му покажуваат лажни анкети“: Такер Карлсон тврди дека трипати го молел Трамп да не го напаѓа Иран

197

Американскиот конзервативен новинар Такер Карлсон и еден од најголемите поддржувачи на Доналд Трамп, во својата емисија откри дека три пати го посетил претседателот на Соединетите Американски Држави во обид да го убеди да не започне напад врз Иран.

Карлсон истакна дека неговите обиди биле неуспешни бидејќи претседателот е опкружен со дезинформации.

– Летав за Вашингтон трипати во последниот месец за да се обидам да го убедам Трамп да не го прави тоа. Не успеа. Му предложив едноставно да прогласи победа по убиството на 86-годишниот верски лидер и да ги повлече силите, но некој го убеди во спротивното – изјави Карлсон во својата емисија.

Според неговите сознанија, на Трамп му се сервираат „лажни анкети“ според кои војната е популарна во сооднос 90 спрема 10, што не соодветствува со реалното расположение на јавноста.

Карлсон додаде дека во Белата куќа постои „информативен вакуум“ и дека претседателскиот тим не е свесен колку е војната против Иран вистински непопуларна меѓу граѓаните.

ИЗДВОЕНИ