петок, јули 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Можни се дополнителни гужви на границата во понеделник: Штрајк на грчките цариници!

Можни се дополнителни гужви на границата во понеделник: Штрајк на грчките цариници!

24

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, според известување од надлежните органи на Република Грција, на 27 јули 2026 година (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време, патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно запрен за влез и излез од Република Грција.

Од МВР информираат дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки, а во функција ќе бидат ставени сите расположливи човечки и технички капацитети за олеснување на сообраќајот и намалување на застојот на граничните премини.

ИЗДВОЕНИ