петок, јули 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведен кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со лажно ветување...

Приведен кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со лажно ветување за странски пасош

10

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен под сомнение дека измамил 50-годишна жена од Куманово за вкупно 9.000 евра, ветувајќи ѝ дека ќе посредува за добивање странски пасош.

Според Министерството за внатрешни работи, осомничениот првично побарал 400 евра за наводното посредување, а потоа во повеќе наврати барал дополнителни суми. За краток период, оштетената му предала вкупно 9.000 евра, но тој продолжил да бара пари.

По претходна пријава, на 23 јули околу 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во соработка со СВР Куманово, го лишиле од слобода осомничениот. Кај него биле пронајдени 2.000 евра што непосредно претходно ги зел од пријавителката, а парите биле претходно криминалистичко-технички обработени.

Од МВР информираат дека осомничениот бил задржан во полициска станица, а потоа изведен пред јавен обвинител, каде го признал делото.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик.

ИЗДВОЕНИ