среда, јули 1, 2026
Дома СВЕТ Москва повлече неочекуван потег: Се затвораат важни гранични премини кон Европа

Москва повлече неочекуван потег: Се затвораат важни гранични премини кон Европа

0
EPA/ALEXANDER KAZAKOV/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Руската влада одлучи да затвори неколку железнички гранични премини со Финска, Естонија и Латвија.

Одлуката стапува на сила на денеска, а Москва официјално ги извести властите во Хелсинки, Талин и Рига, пренесува ТАСС. Ова е нов потег со кој Русија дополнително го ограничува прекуграничниот сообраќај со соседните земји-членки на Европската Унија и НАТО.

Според одлуката на руската влада, движењето на луѓе, возила, стока и товар преку железничките гранични премини опфатени со регулативата е суспендирано.

Руското Министерство за надворешни работи доби инструкции официјално да ги извести Латвија, Естонија и Финска за одлуката, која ќе стапи на сила на 1 јули.

Затворените премини ги вклучуваат железничките премини Санкт Петербург-Филандски, Виборг, Вјарциља, Љутја и Светогорск на границата со Финска.

Преминот Печори-Псковски на границата со Естонија и Питалово, кој ја поврзува Русија со Латвија, исто така се затворени.

Москва сè уште не објави дополнителни појаснувања за причините за затворањето, ниту пак изјави колку долго ќе останат на сила мерките.

ИЗДВОЕНИ