четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Московскиот суд ја казни мрежата „Телеграм“ со речиси 430.000 долари, а компанијата...

Московскиот суд ја казни мрежата „Телеграм“ со речиси 430.000 долари, а компанијата „Епл“ 10 пати помалку

52

Судот во Москва денеска ја казни социјалната мрежа „Телеграм месинџер“ со 429.500 долари,  по пет точки од тужбата за неотстранување на информациите до кои пристапот е ограничен во Русија.

На крајот од минатата година кацеларијата на Генералниот обвинител му наложи на наздорниот орган за масовни медиуми и телекомуникации „Роскомнадзор“ да се отстранат од „Телеграм“„ објавите кои содржат повици на екстремистичка активност“, пренесува „Тасс“.

„Роскомнадзор“ му испрати порака на сопственикот на месинцер со барање за отстранување на тие информации, но тоа не е направено во законски утврдениот рок од 24 часа пд приемот на известувањето.

Судот, исто така, ја казни компанијата „Епл“ со 43.000 долари за кршење на ограничувањата за пристап до информации.

Рочиштето беше затворено за јавноста на барање на одбраната, бидејќи беа откриени деловни тајни и доверливи информации на „Епл“.

ИЗДВОЕНИ