среда, јули 29, 2026
Дома СВЕТ Московскиот градски суд осуди руска новинарка на 12 години затвор по обвинение...

Московскиот градски суд осуди руска новинарка на 12 години затвор по обвинение за предавство

12

Руската новинарка Дарја Шипачева (35) беше осудена во Москва на 12 години затвор во казнена колонија и парична казна од 300.000 рубли за наводно предавство.

Како што објави порталот Медиазона, пресудата ја изрече судијата на Московскиот градски суд, Сергеј Подопригоров.

Обвинителството побара таква казна за Шипачева, а одбраната побара од судот да го земе предвид нејзиното признание на вина и соработката за време на истрагата. Судењето траеше само час и половина.

Не е познато за што точно беше обвинета руската новинарка, бидејќи постапката се водеше зад затворени врати. Покрај затворската казна, судијата нареди и конфискација на 1.558.000 рубли (околу 17.000 евра) од Шипачева, што е вообичаена практика во кривичните случаи поврзани со финансирање на криминални активности.

Нејзината пријателка спомна финансиска трансакција во интервју за „Медиазона“, но рече дека не знае „дали станува збор за плаќање за украинската армија“.

Шипачева беше уапсена на 23 април 2025 година, во нејзиниот стан во Москва.

„Таа ноќ ми пиша дека некој се обидува да ѝ ја скрши вратата“, изјави нејзината пријателка за Медиазона.

Пријателите дознале од соседите дека група руски специјалци провалиле во станот на Шипачева, по што таа изгубила секаков контакт со неа.

Според нејзината пријателка, Шипачева потоа била префрлена во Ростов на Дон, каде што судот наредил да биде притворена. Соговорникот на Медиазона изјавил дека новинарката, откако била обвинета, склучила договор за признавање на вина. Во писмата што ги испратила од притвор, таа не дала детали за случајот.

Дарја Шипачева се занимавала со научно и медицинско новинарство. Соработувала со бројни медиуми, вклучувајќи ги RBK, Lenta.ru, Takiye Della, Forbes, Wonderzine и Reminder, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ