Контролата на летање – М-НАВ, заедно со Министерството за одбрана и ЕВН договориле соработка за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на уредите на планинскиот врв Солунска глава.
– На надморска височина над 2.500 метри, како резултат на променливи временски услови, може да дојде до нарушување во снабдувањето со електрична енергија. Стабилноста на работењето на уредите за прецизно наведување на авионите е исклучително важна за безбедноста на авиосообраќајот. Досега овој сегмент бил запоставен и игнориран. Новото раководство на М-НАВ се заложи и овој сегмент од работењето на компанијата да не биде маргинализиран. Согласно препораките на меѓународните и домашните воздухопловни власти, работиме на подигнување на безбедноста на авиосообраќајот на повисоко рамниште, во соработка со другите релевантни чинители, посебно АРМ и МВР – вели Климент Чепуњоски, извршен директор за воздухопловна техника на М-НАВ и член на Управниот одбор.
М-НАВ, Министерството за одбрана и ЕВН се договориле за одржување на редовни координативни средби.