Екипите на Монако и на Панатинаикос се последните тимови што обезбедија пласман на фајнал-фор турнирот во Евролигата откако славеа во „мајсторките“ на свој терен.

Монако ја доби Барселона со 85:84, а главен виновник за таквиот расплет беше Кевин Пантер, кој имаше очајнички шут за победа на Каталонците. Ја зеде топката в раце и полека се движеше кон кошот на Монако. Вили Ернангомез тргна во контранапад, беше сам, ја бараше топката, но Американецот се обиде да не го види, шутираше за три поени и промаши.

Од друга страна, актуелниот шампион, Панатинаикос, без некои посериозни проблеми славеше над Анадолу Ефес со 75:67. Во текот на целиот меч, грчкиот тим ја имаше резултатската контрола и на крајот сосема заслужено замина на Ф4, каде што ќе ја брани минатогодишната титула.

ИЗДВОЕНИ