среда, јуни 17, 2026
Дома БАЛКАН Момче тешко повредено во Србија откако врз него се урна конструкција на...

Момче тешко повредено во Србија откако врз него се урна конструкција на автобуска постојка

358

Дванаесетгодишно момче од Младеновац е тешко повредено откако синоќа врз него се урнала структура од автобуска постојка во неговиот град, 40 километри јужно од Белград. Според српските медиуми, момчето е однесено во детска болница во Белград во критична состојба, каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Очевидци изјавија дека несреќата се случила кога момчето се фатило за структурата на постојката, по што масивната метална конструкција попуштила и се урнала врз него.

Екипа на брза помош брзо пристигнала на местото на настанот, која го пренела повреденото момче во болница.

Полицијата и надлежното обвинителство се известени за случајот, а околностите на несреќата ќе бидат утврдени со тековната истрага.

ИЗДВОЕНИ