недела, ноември 8, 2026
Дома КУЛТУРА МНТ – домаќин на меѓународна театарска конференција во 2028 година

МНТ – домаќин на меѓународна театарска конференција во 2028 година

1

Меѓународната театарска конференција на Европската театарска конвенција (ETC), која обединува повеќе од 100 театарски професионалци од над 30 европски земји, се одржа деновиве во Софија, Бугарија.

На конференцијата присуствуваше генералниот директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, кој оствари средба со извршната директорка на ETC, Хајди Вајли. Во фокусот на разговорот беа подготовките за есенската конференција на ETC во 2028 година, чиј домаќин ќе биде Македонскиот народен театар во Скопје.

„Со нетрпение очекуваме да ја пречекаме европската театарска заедница во Скопје, токму во оваа посебна година, кога нашиот град ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата“, истакна Кимовски.

Домаќин на годинашната конференција беше Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија. Во фокусот на конференцијата беа современите предизвици и можности за поврзување на европските театри, интеграција на новите технологии и зачувување на човечките односи како темелна вредност на театарското творештво.

За Македонскиот народен театар, организацијата на конференцијата во 2028 година претставува извонредна можност Скопје да биде место на средба, размена и соработка на европската театарска заедница.

ИЗДВОЕНИ