четврток, јуни 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Младите од Охрид добија своја „музичка соба“

Младите од Охрид добија своја „музичка соба“

33

Охрид доби сопствена „Музичка соба“, простор наменет за музицирање, уреден и опремен по највисоките европски стандарди, каде што младите ќе можат да создаваат, вежбаат и да ја претвораат својата енергија во музика.

Музичката соба е опремена со 18-канална дигитална миксета, неколку видови најсовремени активни звучници – сателити, микрофони, сталки за микрофони, инструменти, кондензаторски студиски микрофон, студиски слушалки, интерфејс за снимање звук, пренослив и  фиксирачки акустичен штит за микрофонско снимање…

Проектот го реализира Општина Охрид со сопствени средства, во рамки на Младинскиот центар во поранешната охридска касарна.

Градоначалникот на Општина Охрид истакна дека секој естраден уметник, како поединец или во група односно бенд, бесплатно ќе може да музицира, да вежба свирење инструмент, да креирање нови композиции без притоа да прави бучава и да не им смета на членовите од потесното семејство или соседите.

– Најважно од сè е што користењето на собата ќе биде бесплатно – рече Пецаков.

Проектот е вреден 639.663 денари.

Пецаков ја искористи можноста да посочи дека како локална власт, континуирано се работи на градење, уредување и разубавување  на Охрид.

– Одамна сме покажале дека во рамки на своите надлежности максимално се вложуваме во развој на спортот и културата, а својот придонес го насочуваме и кон музиката како важна културна гранка –рече Пецаков. 

 

 

ИЗДВОЕНИ