понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Американски војник се обложил на падот на Мадуро, а потоа учествувал во...

Американски војник се обложил на падот на Мадуро, а потоа учествувал во неговото апсење – заработил илјадници долари

53
EPA/Stringer

Американски војник е осомничен дека заработил повеќе од 400.000 долари обложувајќи се на падот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и е обвинет за измама, објави Министерството за правда на САД.

Војникот Џенон Кен Ван Дајк, е обвинет за користење класифицирани информации за обложување на интервенција на САД во Венецуела на 3 јануари преку платформата за предвидување Полимаркет. Ван Дајк, кој бил стациониран во Форт Браг во Северна Каролина, бил обвинет за „учество во планирањето и извршувањето“ на операција за апсење на Николас Мадуро и негово префрлање во Соединетите Држави, според обвинителите. Во соопштението се додава дека тој „имал пристап до чувствителни, нејавни и класифицирани информации за оваа операција“.

Од почетокот на декември, 38-годишниот војник наводно вложил околу 33.000 долари во 13 облози поврзани со можна акција на САД во Венецуела или падот на владата на Мадуро.

– Како резултат на тоа, Ван Дајк ги добил своите облози на овие договори. Вкупно, наводно остварил профит од приближно 409.881 долари, соопшти Министерството за правда.

Тој е гонет за незаконска употреба на класифицирани владини информации за лична корист, кражба на службени евиденции, измама и нелегални парични трансакции. Овие прекршоци повлекуваат затворски казни од неколку години.

ИЗДВОЕНИ