сабота, ноември 14, 2026
Дома СВЕТ Младите демонстранти во Франција, денес повторно на улица: Протест против високите трошоци...

Младите демонстранти во Франција, денес повторно на улица: Протест против високите трошоци за живот во Париз – приведени 121 лице низ земјата

0
Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

Низ Франција, денес повторно се одржуваат демонстрации на млади луѓе и на движењето „Жолти елеци“ (Gilets Jaunes), кои покренуваат различни прашања, како што се висината на платите, зголемувањето на средствата за образование, како и заштитата на децата и адолесцентите. На протестот во Париз, овие барања беа обединети во една единствена порака: протест против високите трошоци за живот.

Француската полиција денеска приведе 121 лице за време на протестите низ земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека во демонстрациите учествувале 106.000 луѓе, додека синдикатите проценуваат дека на улиците излегле околу 200.000 граѓани.

Во Париз беа приведени 22 лица – меѓу кои и тројца малолетници – главно поради носење оружје од „категорија Д“, користење навредлив јазик и прекршување на забраните за престој на одредени локации или за учество во демонстрации, пренесува BFMTV.

Во Париз, каде што протестот започна на плоштадот „Република“ (Place de la République), и се очекуваше учество на меѓу 30.000 и 60.000 луѓе; полицијата претходно процени дека меѓу 300 и 600 од нив претставуваат потенцијален ризик.

Во Париз се затворени 21 станица на метрото што се наоѓаат долж трасата на протестот.

Според министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, денес на територијата на целата земја се очекуваат меѓу 50 и 60 собири. Тој ангажираше 70.000 полицајци и жандарми за оваа сабота – ист број како и во претходните три саботи, почнувајќи од 24 октомври.

Меѓу учесниците се очекува да бидат присутни активисти кои се борат против насилството врз децата и адолесцентите, како и организации за човекови права кои бараат заштита од закон за кој тврдат дека „дава дозвола за убивање“. Исто така, најавено е учество и на климатски активисти.

Демонстрации се одржуваат и во други големи градови, како што се Бордо и Рен. Во Марсеј се планирани два собири, додека во Лион се одржуваат протести посветени на заштитата на климата и младите.

Во Тулуз, демонстрациите во текот на целото утро поминаа мирно. Учествуваа илјадници луѓе, претставници на различни левичарски партии и синдикати. Според организаторите, присутни биле 6.000 луѓе, додека полицијата извести за 1.800 учесници, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ