сабота, ноември 14, 2026
Дома СВЕТ Брод погоден од дрон во Црното Море, во романски води

Брод погоден од дрон во Црното Море, во романски води

0

Брод што плови под знамето на Палау бил погоден од дрон во романските територијални води, на околу 12 километри северно од Сфнту Георге (Свети Ѓорѓи) во делтата на Дунав. Во инцидентот нема повредени ниту загинати, соопштија денеска романските власти.

Според романскиот информативен портал „Ziua de Constanța“, станува збор за бродот „Larisa 1“, кој пловел кон пристаништето Сулина, со крајна дестинација во Украина, пренесува Digi 24.

Нападот бил пријавен синоќа околу 21:40 часот; според првичните информации, дронот оштетил само кран за ракување со товар, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ