Британски тинејџер кој беше осуден на една година затвор во Дубаи поради сексуален однос со 17-годишно девојче, апелираше до властите за помилување, јавува Би-Би-Си.
Маркус Факана (19), од Тотенхем, северен Лондон, беше осуден на една година затвор во декември откако имал сексуален однос со Британка додека биле на заеднички одмор во Обединетите Арапски Емирати.
Според законот на ОАЕ, возраста за согласност за сексуален однос е 18 години. Мајката на девојчето го пријавила Факана кај тамошните власти по неговото враќање во Велика Британија откако ги видела неговите пораки.
„Најтрауматското искуство за него“
Факана испрати писмо од затворот Ал Авир во Дубаи до шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи, молејќи за негово ослободување. Рада Стирлинг, основач на „Притворени во Дубаи“, рече:
„Ова беше најтешкото и најтрауматично искуство што може да се замисли за Маркус. Тој штотуку влезе во светот на возрасните и никогаш немаше намера да го прекрши законот. Она што се случи беше во рамките на законот во Велика Британија и беше консензуално. Сега се соочува со сериозни последици за неговото ментално здравје и иднина.“
Организацијата вели дека Факана може да комуницира со своето семејство само повремено и во кратки временски периоди, и дека изолацијата зела голем данок врз него и оние што се најблиски до него.