Броевите „8647“, кои често се користат како симбол на противење на американскиот претседател Доналд Трамп, се појавија на тревата на Националниот мол во Вашингтон.
Снимките во живо од веб-камера монтирана на врвот на споменикот на Вашингтон ги покажуваат броевите испишани низ голема површина на Националниот мол, источно од Споменикот на Втората светска војна.
Не е познато кога се појавиле броевите. Тие не биле видливи на фотографиите од Националниот мол направени од „Гети Имиџис“ на 5 јуни. Тајната служба го упатила прашањето до Службата за национални паркови на САД, за која вели дека го истражува инцидентот.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на САД, кое управува со Националниот мол, ги опиша ознаките како „пореметен чин на вандализам“ што „нема да се толерира“. „Одделот ја сфаќа секоја закана кон претседателот многу сериозно, а нашата Служба за национални паркови ќе го истражи овој инцидент и ќе ги повика одговорните на одговорност“, рече портпаролот.
Поради тие бројки, беше покренато обвинение против поранешниот шеф на ФБИ.
Во април, Министерството за правда на САД го обвини поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, за наводна закана кон претседателот откако објави фотографија од школки наредени во бројот „8647“ на Инстаграм.
Бројот „86“ во американското гостопримство често се користи како ознака за отстранување или исфрлање нарачка, производ или гостин, додека Трамп е 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави.












