вторник, август 25, 2026
Дома СВЕТ Мистериозна експлозија во руски комплекс вреден 10 милијарди долари/ВИДЕО

Мистериозна експлозија во руски комплекс вреден 10 милијарди долари/ВИДЕО

55
Screenshot/X/supernova_plus / Autor: X/supernova_plus

Едно лице загина, а повеќе од 80 се повредени во експлозија и пожар во гасно-хемискиот комплекс Амур во источна Русија Силна експлозија се случи во единица за пиролиза, а снимките од местото на настанот покажуваат густ чад и огромна огнена топка.

Според првичните извештаи, главната фабрика не е оштетена, но причините за експлозијата и пожарот сè уште се непознати. Се споменува сè, од проблеми во технолошкиот процес за време на изградбата до потенцијална саботажа.

Амурскиот гасно-хемиски комплекс се наоѓа во градот Свободни, Амурска област, и го градат заеднички рускиот Сибур и кинескиот Синопек. Се проценува дека буџетот за изградба на овој комплекс надминува 10 милијарди долари, па затоа овој инцидент би можел да предизвика значителни финансиски загуби.

Комплексот е дизајниран да преработува етан и течни гасови што доаѓаат од гасната електрана Амур, а суровините што ги произведува се наменети за производство на полиетилен и полипропилен.

Се очекува комплексот да има годишен капацитет од 2,7 милиони тони полимери.

Според порталот „Мрежа“, фабриката треба да биде важна алка во снабдувањето на азиските пазари со производи, а во исто време да ги заобиколува западните санкции.

ИЗДВОЕНИ