четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мис Стон ќе добие спомен соба во реновираниот Дом на културата во...

Мис Стон ќе добие спомен соба во реновираниот Дом на културата во Градашорци

95

Во собата на Мис Стон ќе бидат сместени најразлични историски податоци и документи кои укажуваат на нејзиното движење во пограничниот регион, односно во општините Василево и Кресна (Бугарија), но и го опишуваат овој историски настан.

 –Покрај изградбата на спомен-соба, ќе имаме и културно-информативен центар, кој првпат се гради во нашата Општина. Со проектот се планира и набавка на електрични велосипеди, мапирање на туристичка патека која ќе биде во делот на браната „Турија“  изјави градоначалникот на Општина  Василево, Славе Андонов.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека овој проект произлегува од програмата на пограничната соработка ИНТЕРЕГ со Република Бугарија, за чие спроведување е задолжено Министерството за локална самоуправа

 

Мис Стон ќе добие спомен-соба во реновираниот Дом на културата во селото Градашорци, во Општина Василево. Ова го изјави градоначалникот на Василево, Славе Андонов, кој заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, извршија увид во градежните работи во реновирањето на овој објект.

Според Андонов, во собата на Мис Стон ќе бидат сместени најразлични историски податоци и документи, кои укажуваат не нејзиното движење во пограничниот регион, односно во општините Василево и Кресна (Бугарија), но и го опишуваат овој историски настан.

– Покрај изградбата на спомен-соба, ќе имаме и културно-информативен центар, кој првпат се гради во нашата Општина. Со проектот се планира и набавка на електрични велосипеди, мапирање на туристичка патека која ќе биде во делот на браната „Турија“. Сметам дека овој проект ќе го реализираме успешно во партнерство со Општина Кресна, но и со Министерството за локална самоуправа –  изјави Андонов.

Министерот Перински истакна дека овој проект произлегува од програмата на пограничната соработка ИНТЕРЕГ со Република Бугарија, за чие спроведување е задолжено Министерството за локална самоуправа.

– Ова е една додадена вредност во делот на реализација и имплементација на проектите и кога на сето тоа ќе се додаде и помошта што, како Влада, им ја дадовме на општините преку првиот и вториот јавен повик, е а која е голема, посебно за оваа општина, некаде околу 115 милиони денари за имплементација на шест проекти, навистина ќе се потврди фактот дека, за нас, како Влада, не постои заборавена општина – нагласи Перински.

Инаку, завршувањето на реновирањето на Домот на културата во Градашорци се очекува во август, годинава.

Општина Василево доби 302.357 евра, а главната цел на проектот е да се подобри туристичкиот потенцијал на прекуграничниот регион преку интеграција на креативни индустрии, дигитални алатки и зелени решенија, создавајќи атрактивна четирисезонска туристичка понуда и нови можности за локален економски развој.

 

ИЗДВОЕНИ