четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Како Струга нема друга –  Зуица Лазова фамилијарно со ќерката Македонка и...

Како Струга нема друга –  Зуица Лазова фамилијарно со ќерката Македонка и сопругот Наум

802

И кај нив пукна пролет! Како што наеднаш пукна пролетта, иако календарски е зима, така и познатите личности се фатија со сериозна работа, надвор од сцената. Си уживаат со најблиските, најмилите. Деновиве, тоа го направи и омилената на нацијата – фолк-ѕвездата Зуица Лазова. Со ќерката Македонка Петреска, која ја има во бракот со македонскиот фолк-славеј Наум Петрески, таа ужива покрај Охридското Езеро, на топлото пролетно сонце, во својата втора дома – во Струга. И сите се чудат како не се заминати мајката и ќерката за 8 Март на некоја далечна, егзотична дестинација.Сепак, и скромноста е уметност, па кој што сака нека коментира. Поубаво им е во нивната Струга, бидејќи навистина нема друга. Ќерката Македонка одмора од обврските што ги има како оперска пејачка. Таа дипломираше соло пеење на Факултетот за музичка уметност, во класата на Весна Ѓиновска-Илкова. Со мајка си Зуица, пред некое време, направи одлична преработка на познатата забавна хит-песна „Симпатија“ од репертоарот на сплитската група „Магазин“.  Нивната дуетска интерпретација го освои срцето на македонската публика, па се очекува наскоро, со заеднички сили, пак да снимат некоја нова, интересна забавна песна.

Инаку, популарната Зуица Лазова, која е и професорка по хармоника, промовираше пет песни, како дел од својот одличен проект „5 за 50“. Буквално сите нè остави без здив кога, на промоцијата, ја запеа песната „Ќе ти купам свилен фустан, бре Зуице“ во дует со својата талентирана свекрва, Анастасија Петреска.   (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ