Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по договорот меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, следната недела се очекува значително намалување на цените на горивата во земјава.
Според неговите процени, во моментов дизелот би останал на исто ниво или би поскапел до половина денар, додека бензините би се зголемиле за околу 1,5 до 2 денари за литар.
Тој нагласи дека Македонија и натаму има меѓу најниските цени на горивата во регионот, што довело до зголемен број граѓани од соседните земји што точат гориво кај нас. Мицкоски истакна дека во изминатиот период биле обезбедени доволни количини горива без рестрикции и оцени дека државата успешно се справила со енергетската криза.












