вторник, јуни 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски :По објавата на нотата за Пампорово, ги информиравме партнерите во НАТО

Мицкоски :По објавата на нотата за Пампорово, ги информиравме партнерите во НАТО

0

Сигналите што доаѓаат од Бугарија не ме прават оптимист, состојбата се радикализира, еве да речеме вчера (понеделник) видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга и мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена. Вака, премиерот Христијан Мицкоски вчера одговори на новинарското прашање прашање дали очекува напредок во разговорите со Бугарија. Според него, ситуацијата, дополнително се радикализира.

-Замислете ние сега да ги вадиме сите дипломатски ноти кои што ги испраќаат од нашиот источен сосед во кои пишуваат работи кои би можеле да бидат интересни за јавноста. За овој преседан ги информирав партнерите од НАТО затоа што со ова вадење на дипломатска нота се загрозува безбедноста на моето семејство , сепак ние сме земја членка, а на мојата сопруга и син сакам да им се извинам што сето ова мора да го трпат, изјави Мицкоски и додаде дека сите овие индикатори што сме ги гледале од нашиот источен сосед не зборуваат дека одиме кон подобрување, туку напротив имаат аматерски потези кои се нејасни, заврши премиерот.

Тој посочи дека Владата останува фокусирана на реформите и економскиот развој, без разлика на случувањата во односите со источниот сосед.

-Ние да останеме фокусирани на тоа што е наша задача, а тоа е да ја испорачуваме реформската агенда, да ги правиме реформите дома, да ја градиме економијата и да решаваме проблеми, изјави премиерот.

Инаку, бугарски медиуми повикувајќи се на македонскиот портал „Вардарски“, објавуваат официјален дипломатски документ преку кој македоските власти на 8 јануари, годинава бараат транспортен коридор до туристичкото место Пампорово за сопругата на премиерот Христијан Мицкоски и помладиот син.

ИЗДВОЕНИ