Професорот Ристо Цицонков оценува дека кризата има глобални последици и дека порастот на цените директно влијае врз економијата. – На светските берзи, цената на нафтата порасна за околу 70 проценти. Ова значи дека компаниите ја продаваат по значително повисока цена, иако производствените трошоци остануваат исти. Тоа е класичен пример на воено профитерство, вели Цицонков.

 

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе нова одлука за цените на горивата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува да поевтини дизелот и покрај тоа што ДДВ за ова гориво останува 18 проценти.

Според него, Владата засега нема да интервенира дополнително во даночната политика, туку ќе продолжи со постојните мерки – намалено ДДВ од 10 проценти за бензините и намалени акцизи и посочи дека по разговорите со компанијата „Окта“ е продолжен попустот на горивата, кој ќе важи до 18 мај.

– Дизел-горивото, од понеделник, очекувам да биде поевтино, а ДДВ за него ќе остане 18 проценти. Успеавме да го продолжиме попустот – дополнителни три денари за литар дизел и два денари за бензините. Тоа ќе важи до 18 мај, а потоа ќе видиме како ќе се движи состојбата – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека, во моментов,државава има едни од најниските цени на горивата во регионот, но изрази загриженост за информации дека дел од компаниите можеби вршат реекспорт на гориво.

– Она што ме изненади е што проверуваме дали некои компании кои го користат попустот прават реекспорт во соседството. Ако тоа е точно, нема потреба од такво однесување, бидејќи граѓаните од соседните земји можат слободно да точат гориво кај нас – нагласи премиерот.

Во меѓувреме, глобалните случувања вршат силен притисок врз цените. Цената на нафтата на светските берзи бележи пораст, при што „брент“ достигна над 110 долари за барел, а аналитичарите предупредуваат дека нестабилноста може да продолжи поради геополитичките тензии и нарушените испораки преку Хормускиот Проток.

Енергетската неизвесност се чувствува и во Европа, каде што властите предупредуваат дека нема јасна слика за реалните резерви на гориво, што дополнително го зголемува ризикот од нови ценовни шокови.

Професорот Ристо Цицонков оценува дека кризата има глобални последици и дека порастот на цените директно влијае врз економијата.

– На светските берзи, цената на нафтата порасна за околу 70 проценти. Ова значи дека компаниите ја продаваат по значително повисока цена, иако производствените трошоци остануваат исти. Тоа е класичен пример на воено профитерство – вели Цицонков.

Тој предупредува дека високите цени на енергентите можат да предизвикаат поширока економска криза, особено кај земјите увознички на енергија.

– Енергијата има огромно влијание врз економијата. Ако кризата продолжи, можно е цената на нафтата да достигне и 150 долари за барел, што ќе доведе до сериозни последици, вклучително и пораст на цените на храната – додава Цицонков.

(С. Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ