Корисниците на „Мој ДДВ“ велат дека често се соочуваат со порака дека сметката не е валидна, иако повторното скенирање понекогаш успева.  – Дали на некого му се случило да скенира сметка и да му пишува „Скенираната сметка не е валидна, пробајте повторно – Е2005“? Го повторив скенирањето на таа фискална и пак ми го даде истото известување. Што се случува? – прашува една скопјанка која се пожали дека не може да ја скенира фискалната што ја добила во еден скопски ресторан. 

Од УЈП објаснуваат дека проблемот најчесто е поврзан со квалитетот на QR-кодот, камерата или осветлувањето, но не исклучуваат и технички пречки во системот. – Најчесто, тоа зависи од квалитетот на камерата на мобилниот уред, јасноста и квалитетот на испечатениот QR-код на фискалната сметка, како и од условите на осветлување при скенирањето. Во такви случаи, QR-кодот може да не биде правилно прочитан или да се прочита погрешно, поради што апликацијата ја прикажува наведената порака. Дополнително, во одредени ситуации причината може да биде и од техничка природа, поради што се случува истата сметка подоцна или наредниот ден успешно да биде скенирана – велат од УЈП.

Во август минатата година, УЈП ја пушти новата верзија на мобилната апликација „Мој ДДВ“, со цел да ги нема посочените проблеми кои дотогаш беа чести.

Граѓаните се жалат дека честопати им се случува при скенирање на фискална сметка во горниот дел од екранот на мобилниот телефон да добијат известување дека „Скенираната сметка не е валидна, пробајте повторно (Е2005)“. Велат дека се обидуваат повторно и го добиваат истото известување. Други велат дека се обиделе повторно да ги скенираат сметките што вчера им давало Е2005, и успешно биле скенирани.

– Дали на некого му се случило да скенира сметка и да му пишува „Скенираната сметка не е валидна, пробајте повторно – Е2005?“ Го повторив скенирањето на таа фискална и пак ми го даде истото известување. Што се случува? – прашува една скопјанка која се пожали дека не може да ја скенира фискалната што ја добила во еден скопски ресторан.

– Исто и мене ми се случи со две сметки од кои едната е од „Макпетрол“. Не знам во што е проблемот – прашува друга скопјанка.

– Денеска пробав пак да ги скенирам сметките што вчера ми даваше ерор Е2005 и успешно се скенираа. Јеееееее – посочува друга корисничка.

Освен овој проблем, оние што скенираат сметки за поврат на ДДВ се жалат дека не поминува скенирањето ако сметката е бледа или ако бар-кодот е лошо отпечатен. Некогаш, посочуваат дека не можат да скенираат и им стига известување дека нема конекција со серверот на УЈП.

Од Управата за јавни приходи објаснуваат дека појавата на известувањето „Скенираната сметка не е валидна, пробајте повторно (Е2005)“ при користење на апликацијата „Мој ДДВ“, може да биде резултат на повеќе фактори.

– Најчесто, тоа зависи од квалитетот на камерата на мобилниот уред, јасноста и квалитетот на испечатениот QR-код на фискалната сметка, како и од условите на осветлување при скенирањето. Во такви случаи, QR-кодот може да не биде правилно прочитан или да се прочита погрешно, поради што апликацијата ја прикажува наведената порака. Дополнително, во одредени ситуации причината може да биде и од техничка природа, поради што се случува истата сметка подоцна или наредниот ден успешно да биде скенирана – велат од УЈП.

Во август минатата година, Управата за јавни приходи ја пушти новата верзија на мобилната апликација „Мој ДДВ“ со цел да ги нема посочените проблеми кои дотогаш беа чести.

(С. Бл.)

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ