Кливленд славеше против Детроит со 112:103 и ја израмни плејоф-серијата на 2:2, а вечерта ја обележа фантастичниот настап на Донован Мичел. Ѕвездата на Кливленд постигна 43 поени, од кои неверојатни 39 во второто полувреме, со што го израмни рекордот на легендарниот Слипи Флојд од 1987 година за најмногу поени во едно полувреме во историјата на НБА-плејофот.

Мичел го заврши мечот со шут 13/26 од игра, а додаде и пет скока и две асистенции. Интересно, тој сам реализираше 15 слободни фрлања, додека целиот тим на Детроит погоди само 12, што предизвика револт кај Пистонс по натпреварот.

Следниот натпревар од серијата се игра в четврток изутрина, во Детроит, каде што се очекува нов, голем спектакл.

ИЗДВОЕНИ