Шестмина биле полесно повредени во неделата попладне откако возило излетало од патот кај скопски Таор и се превртило во коритото на Вардар. Вчера, во нашата редакција пристигна видео од наш читател во кој се гледа акцијата за извлекување на автомобилот од речното корито во која учествуваат и полицајци и пожарникари.
-На 10.05.2026 околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот с.Орешани-с.Таор, скопско, патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки изгубило контрола, излегло од коловоз се превртило и паднало во реката Вардар. При тоа шест лица кои биле во возилото се здобиле со телесни повреди. Извршен е увид, информираа од МВР.












