Реконструкцијата на објектот на месната заедница во Драчево, е во напредна фаза. Сликата на терен се менува секојдневно, а објектот кој со години беше во лоша состојба забрзано го добива својот нов лик.
Во овој момент, карабината и новата кровна конструкција се целосно завршени, додека градежните екипи интензивно работат на уредување на внатрешноста и изработка на новата фасада. Темелната реконструкција опфаќа и комплетна замена на застарената електрична, водоводна и канализациона инсталација.
-Со целосната обнова на кровот и фасадата значително се унапредува енергетската ефикасност на објектот. За таа цел, греењето и ладењето ќе се одвиваат преку нови инвертер сплит системи, со што се гарантира економично и ефикасно функционирање на просторот во текот на целата година. Внатрешноста се трансформира во целосно нов, функционален амбиент кој е суштински прилагоден на реалните потреби на граѓаните. Целта е Драчево да добие модерен, безбеден и квалитетен простор наменет за секојдневни средби, активности и локални услуги – соопштија од Општина Кисела Вода.
Оваа реконструкција се реализира со средства од Владината програма за капитални инвестиции, финансирана преку унгарскиот кредит. Т












