Шарл Леклер и Ферари ја продолжија соработката, откако возачот од Монако потпиша нов повеќегодишен договор со легендарниот италијански тим. Со тоа е потврдено дека 28-годишниот ас ќе остане еден од главните адути на Скудерија и во наредните сезони.

Леклер е дел од семејството на Ферари уште од 2016 година, кога се приклучи на возачката академија, а во Формула 1 дебитираше како еден од најголемите таленти на својата генерација. Од доаѓањето во првиот тим во 2019 година, тој запиша бројни победи, пол позиции и подиуми.

И покрај тоа што Ферари, во последните години, не успеа да стигне до шампионска титула, довербата кон Леклер никогаш не беше доведена во прашање. Денес тој е втор возач во историјата на тимот по број на освоени пол позиции, веднаш зад Михаел Шумахер, а се наоѓа и меѓу рекордерите по број на настапи во црвениот болид.

 

ИЗДВОЕНИ