среда, јули 22, 2026
Дома СПОРТ Меси објави емотивна порака, но никој во Аргентина не очекуваше коментар од...

Меси објави емотивна порака, но никој во Аргентина не очекуваше коментар од Гави

890
epa13121934 Lionel Messi of Argentina shows disappointment during the awards ceremony after the FIFA World Cup 2026 final match Spain against Argentina, in East Rutherford, New Jersey, USA, 19 July 2026. EPA/WILL OLIVER

Аргентина не успеа повторно да го освои трофејот на Светското првенство откако со минимални 1:0 загуби на финалниот натпревар, против селекцијата на Шпанија.

„Гаучосите“ беа целосно надиграни во финалето, не упатија ниту еден директен удар кон противничкиот гол за 120 минути и сосема заслужено „црвената фурија“ успеа да го скрши нивниот отпор во продолженијата и да победи.

Херој на Шпанија беше Феран Торес, кој го постигна голот што му ја донесе на тимот втората титула светски шампион во историјата, со што ги симна Лионел Меси и компанија од тронот.

Самиот Меси објави многу емотивна порака на социјалните мрежи откако беше поразен неговиот тим во големото финале одиграно во Њујорк.

– Болката е огромна и ќе биде потребно време да заздрави оваа рана. Но, ќе се сеќаваме на сето ова… Натпреварите што ги свртевме давајќи го својот максимум, засекогаш ќе останат во сеќавањето. Поддршката од целата земја, која, со нашата напорна работа и со нашиот труд, нè донесе меѓу најдобрите во светот. Денес е тешко да се цени она што го постигнавме, но стигнавме до две последователни финалиња на светските првенства.

Ви благодарам од дното на моето срце за секој поздрав, порака… Уште еднаш успеавме да се обединиме како земја и да бидеме заедно, споделувајќи ја големата гордост што сме Аргентинци. Исто така, сакам да ѝ честитам на Шпанија за освојувањето на Светското првенство – напиша Меси.

Неговата порака предизвика големо внимание, бидејќи доби повеќе од 13 милиони лајкови и огромен број коментари.

Но, еден од коментарите особено се издвои. Се огласи репрезентативецот на Шпанија, Гави, кој му испрати одлична порака на Меси и воодушеви многумина.

– Ти си број еден засекогаш – му рече Гави на капитенот на аргентинската репрезентација.

Иако Гави предизвика јавно незадоволство во Аргентина по физичката пресметка со некои играчи од нејзиниот избор, се чини дека овој коментар успеа да ги смири тензиите до одреден степен.

ИЗДВОЕНИ