По настапот на главниот турнир на Вимблдон, минатиот месец, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го пријави своето учество и на последниот гренд слем во сезоната – САД Опен.
Нејзиното име фигурира на списокот на учесници, но местото во главната ждрепка ќе мора да го бара преку квалификациите, со оглед на тоа што се наоѓа на 214. место на ВТА листата. САД Опен ги објави учесниците на турнирот во машка и во женска конкуренција, оние од 103. место надолу кај дамите ќе играат квалификации, со исклучок на тенисерките кои ќе добијат специјална покана.
Ѓорческа минатиот месец ги помина трите квалификациски пречки и првпат во кариерата играше на главниот турнир на еден гренд слем. Во првото коло загуби од Американката, Аманда Анисимова која беше рангирана како шеста носителка.












