петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Меморијален турнир во спомен на Мартин

Меморијален турнир во спомен на Мартин

150

Oпштина Гази Баба кани на меморијалниот турнир организиран во чест на Мартин Манов, кој ќе се одржи в петок со почетокот во 11:00 часот, во салата „Крсте Мисирков“.

– Овој турнир е посветен на споменот на Мартин и има цел да ги обедини другарството, спортскиот дух и убавите спомени – потенцираат од Општина Гази Баба.

Оттаму ги покануваат сите заинтересирани, пријатели, роднини и љубители на спортот, да бидат дел од овој настан, за, како што велат, заедно да оддадат почит.

– Нека нè спои спортот, а споменот за него живее вечно. Добредојдени сте сите – наведуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ