
Најбогатите клубови во англиската Премиер лига се на низок старт поради информацијата дека најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот европски клупски шампион, Осман Дембеле, решил да стави пауза на преговорите околу новиот договор. Од претходно се знае дека крилниот напаѓач побарал од раководните лица на популарните „светци“ да му понудат нов договор кој ќе му гарантира двојно поголема плата од онаа што моментално ја заработува во Париз.











