Италија нема да го обнови својот одбранбен договор со Израел, изјави денес во Верона италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Во светлината на моменталната ситуација, владата одлучи да го суспендира автоматското обновување на одбранбениот договор со Израел“, изјави Џорџија Мелони.
Меморандумот, кој воспоставува рамка за одбранбена соработка во врска со размена на воена опрема и технолошки истражувања во рамките на вооружените сили, претходно предвидуваше обновување на секои пет години и стапи на сила на 13 април 2016 година, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Писмото во врска со одлуката за суспендирање на меморандумот, испратено до израелската влада, е резултат на заедничка одлука на премиерот, вицепремиерите Антонио Тајани и Матео Салвини и министерот за одбрана Гвидо Кроче, и е адресирано до израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
„Немаме безбедносен договор со Италија. Имаме меморандум за разбирање од пред многу години кој никогаш немал конкретна содржина“, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека ова суспендирање „нема да ѝ наштети на безбедноста на Израел“.












