понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Мексиканскиот Бетмен врзува крадци на моторцикли за столбови и им црта мустаќи

Мексиканскиот Бетмен врзува крадци на моторцикли за столбови и им црта мустаќи

41

Мексиканската полиција трага по маж, кој локалните медиуми го нарекоа Бетмен, затоа што наводно сам ги ловил осомничените крадци на мотоцикли и ги врзувал за улични столбови со селотејп, објавува „Њујорк пост“.

Најмалку пет мажи биле пронајдени врзани за столбови во областа Лагос де Морено во Мексико помеѓу 13 јуни и следните десет дена. Фотографиите објавени на социјалната мрежа „Икс“ од мексиканскиот новинар Луис Карденас прикажуваат мажи врзани за столбови, со нацртани мачкини мустаќи на лицата и зборот „крадец“ напишан на шпански. Осомничениот одмазник, исто така, оставил украдени мотоцикли во близина на врзаните мажи за да ја покаже причината зошто биле „казнети“.

Истрагата е во тек, осомничениот сè уште не е уапсен, а локалните власти соопштија дека уапсените лица во моментов се третираат како жртви, а не како сторители на кривични дела. Секретарот за државна безбедност Хуан Пабло Хернандез изјави дека полицијата се обидува да го идентификува и уапси лицето одговорно за овие дела. Мажите што беа пронајдени беа ослободени и им беше укажана медицинска помош за повредите. Сè уште не е познато дали се покренати истраги против нив за наводните кражби. Сè уште нема уапсени во овој случај, но полицијата извести дека идентификувала две возила кои би можеле да бидат поврзани со инцидентите.

ИЗДВОЕНИ