Легендарниот ирски борач, Конор Мекгрегор, најави спектакуларна вечер во Белград, каде што на 17 октомври ќе се одржи големиот БКФЦ-настан во „Белградска арена“. Мекгрегор, кој е една од најголемите ѕвезди во боречките спортови, сподели видео на „Инстаграм“ со дел од борачите што ќе настапат, а неговата порака е јасна: „Ќе биде многу забавно во Србија“.

БКФЦ е една од најпознатите светски организации за борби со голи тупаници, а за настанот во Белград е подготвена атрактивна листа со борачи. Меѓу најзвучните имиња е Дилан Прашовиќ, кој е најавен како еден од водечките тешкаши во организацијата. На листата се и Фолкнер, Добријевиќ, Коновалов, Радовиќ, Туинов, Златичанин, Руиз, Негуциќ, Каличанин, Смакиќи и Коци. Очекувањата се дека белградската публика ќе присуствува на вистински боречки спектакл, а Мекгрегор дополнително ја подигна атмосферата со својата најава.

ИЗДВОЕНИ