Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на Балканскиот филмски фестивал (BaNeFF 2026), што се одржа во Стокхолм, Шведска.
Наградата во име на режисерот и филмската екипа ја прими амбасадорката на Република Македонија во Шведска, со што признанието доби дополнително значење за афирмацијата на македонската кинематографија во оваа земја. Ова е втора меѓународна награда за Бојаџи за „Утре наутро“. Претходно, филмот беше награден и на Фестивалот на филмот од Југоисточна Европа (SEE Film Festival) во Париз, Франција.
Сценариото, и продукцијата на „Утре наутро“ се на режисерот Бојаџи, а извршен продуцент е Дејан Милошевски. Главните улоги ги толкуваат Нина Деан и Ирена Илиевска, а во останатите настапуваат Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојановски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска и Димитрина Мицкоска. Директор на фотографија е Дарио Секуловски, монтажата е на Давид Дулев, сценографијата на Гоце Попов, костимографијата на Зорка Тодорова, а шминката на Ирена Сенокозлиовска. Филмот е реализиран во продукција на „Cinemon Media Factory“ и „Revolution Production“, во соработка со „Алфа Телевизија“.












