Во Љубанци, од 15 до 21 јуни 2026 година се одржува меѓународната ликовна колонија „Љубанци 2026”.
Ликовната манифестација се одржува во континуитет 16 години, со учество на 15 ликовни уметници од Република Македонија,Република Бугарија и Република Србија.
Ликовната колонија беше збогатена и со учество на 40 ученици од основните училишта од општина Бутел.
Општина Бутел секоја година го поддржува овој настан и вложува во развој на културата. Вредните дела од ликовната колонија ќе бидат донирани во хуманитарни цели.












