Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека фонтаните во главниот град повторно се ставени во функција.
Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски посочи дека фонтаните повторно стануваат место што привлекува погледи.
–Беа оставени надвор од функција, но денес повторно се место кое привлекува погледи, радост и убави моменти за туристите и за нашите скопјани – објави градоначалникот на „Фејсбук“.












