петок, септември 25, 2026
Дома СВЕТ Меѓународен кривичен суд: Заштитени сме од можни санкции од САД

Меѓународен кривичен суд: Заштитени сме од можни санкции од САД

0

Меѓународниот кривичен суд (МКС) презеде чекори за да се заштити од можни санкции од Соединетите Американски Држави (САД), изјави денеска за „Фајненшл тајмс“ (FT) заменик-обвинителката Нажат Шамим Кан.

„Напорно работевме за да го заштитиме судот од последиците на какви било можни идни санкции“, изјави таа за FT, како што пренесе „Ројтерс“.

Судот ги реорганизираше своите системи, преминувајќи од софтверот на „Мајкрософт“ на германската алтернатива со отворен код „openDesk“ и наоѓајќи алтернативни решенија за здравствено осигурување и банкарски услуги, рече Кан.

Според FT, судот исто така ги исплаќа платите на вработените неколку месеци однапред за да ги ублажи евентуалните прекини во исплатата.

Ројтерс претходно објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила санкции против Меѓународниот кривичен суд и планирала наскоро да ги објави, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ