сабота, октомври 10, 2026
Дома БАЛКАН Медведев со реакција по апсењето на руски блогер во Црна Гора: Упати...

Медведев со реакција по апсењето на руски блогер во Црна Гора: Упати сериозна закана до западните земји

0
Фото: EPA/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE / POOL MANDATORY CREDIT

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати сериозна закана до западните земји по одлуката на Црна Гора да го уапси и експресно да го протера рускиот воен блогер Михаил Звинчук, основач на влијателниот Телеграм канал „Рибар“ (Rybar).

Медведев ја обвини Европа дека води „лов“ на руски државјани и нагласи дека Москва би можела да ја прошири листата на приведени Европејци и Американци за да ги искористи како заложници за идни размени на затвореници.

Во петокот, на 9 октомври, Кремљ објави дека ќе побара објаснување за неговото притворање преку дипломатски канали – потег потврден од портпаролот Дмитриј Песков – а веста прв ја пренесе руската државна агенција ТАСС.

Каналот на „Телеграм“, „Рибар“, објави дека Звинчук бил уапсен заедно со неколку други руски државјани. Во објавата се нагласува дека сите тие престојувале во Црна Гора легално и поради службени обврски.

„Планираа да снимаат во манастирот Цетиње, за што претходно беше поднесено официјално барање“, се наведува во соопштението на каналот, пренесе хрватски „Индекс“.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ ја оцени акцијата како успешна операција за заштита на националните интереси и спречување на обидите за хибридно мешање и дестабилизација на европскиот пат на земјата.

 

ИЗДВОЕНИ