Модел на вештачка интелигенција од компанијата „Антропик“ испрати лажна дојава за убиство до веб-страницата на полицијата во Филаделфија, што претставува само еден од низата инциденти што компанијата за вештачка интелигенција ги обелодени во петокот.
Ова е прв познат случај во кој вештачка интелигенција што се однесува спротивно на програмираните правила („rogue AI“) навидум се обидела да поднесе лажна пријава до властите – и покрај упатствата да не креира кориснички профили или да не испраќа неточни информации, и иако не ѝ било експлицитно забрането да пополнува формулари – пренесува „Ројтерс“.
Овие случаи се најновите примери за несоодветно или непожелно однесување на моделите на вештачка интелигенција од технолошки компании како „Антропик“ и „ОпенАИ“, пренесе „Танјуг“.












