вторник, февруари 17, 2026
Дома LIFE Маж почина на гласачко место во Хрватска

Маж почина на гласачко место во Хрватска

637

Маж кој дошол да гласа во вториот круг од претседателските избори во Хрватска починал на избирачко место во Риека, јавува Anadolu.

Од Државната изборна комисија соопштија дека гласачкото место 77 е затворено. Се очекува гласачкото место да биде затворено околу еден час додека се транспортира телото на починатиот. На местото на настанот пристигнала полиција и брза помош.

Кандидатите за нов петгодишен претседателски мандат кои имаа доволно гласови за вториот круг се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидатот на СДП и партнерите и Драган Приморац, кандидатот на ХДЗ и партнерите.

ИЗДВОЕНИ