петок, септември 18, 2026
Дома БАЛКАН Хашим Тачи се огласи по пресудата во Хаг и упати порака до...

Хашим Тачи се огласи по пресудата во Хаг и упати порака до граѓаните

0
EPA/Koen van Weel / POOL

Откако Специјализираните совети во Хаг го осудија на 25 години затвор, поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ѝ се обрати на јавноста преку својот адвокат, Лука Мишетиќ.

Тачи им се заблагодари на граѓаните на Косово, како и на луѓето во странство, за поддршката што му ја дадоа нему, на Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи во текот на судењето.

Истовремено, тој ги повика граѓаните на Косово да останат смирени по она што го опиша како неправда.

Одбраната најави дека ќе поднесе жалба на пресудата, наведувајќи дека постапката била проследена со правни и фактички грешки кои, според нив, ја довеле во прашање правичноста на судењето.

Адвокатот на Тачи, Лука Мишетиќ, упати остри критики за начинот на кој Судскиот совет ја водел постапката. Според него, одбраната постојано изразувала загриженост во врска со процедуралната правичност во текот на судењето.

„Во текот на судењето, одбраната постојано изразуваше загриженост во врска со процедуралната правичност, вклучително и во однос на опсежното испрашување спроведено директно од членовите на Судскиот совет, на начин што не оставаше впечаток на непристрасност. Одбраната останува на ставот дека судските интервенции ја преминале границата на неутрално утврдување на фактите, со што го поткопале изгледот на непристрасност што се бара според меѓународните стандарди за правда. Тој недостаток на непристрасност сега е присутен и во самата пресуда на Судскиот совет“, изјави Мишетиќ.

ИЗДВОЕНИ