Спортско-риболовното друштво „Трофта“ (Пастрмка) од Дебар објави видео на социјалните мрежи, на кое може да се види како застанува маж со комби возило на мост на реката Радика, вади од возилото вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла во реката.
За ваквиот несовесен однос на човекот реагираа од спортско-риболовното друштво „Трофта“.
– Срамно! Ова е реката Радика – една од најчистите и најубави реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во река, не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре – наведуваат од „Трофта“.
Притоа, оттаму порачуваат: „Да го заштитиме она што ни го дарувала природата“.
Несовесниот граѓанин, без грижа на совеста, ги фрла вреќите со ѓубре од мостот, кај каменоломот во Косоврасти и заминува.












