недела, јуни 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Маж од Кочани кој две недели се водеше како исчезнат е пронајден...

Маж од Кочани кој две недели се водеше како исчезнат е пронајден мртов

40

Министерството за внатрешни работи извести дека во Штипско било пронајдено починато лице, кое претходно од својот внук било пријавено како исчезнато.

„На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во с.Јастребник, а за кого на 01.06.2026 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Телото било извлечено од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволна планинарска служба Осогово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР.

ИЗДВОЕНИ