недела, јуни 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА National Geographic Traveller го вброи Охрид меѓу највпечатливите европски дестинации

National Geographic Traveller го вброи Охрид меѓу највпечатливите европски дестинации

43

Охрид доби уште едно меѓународно признание откако беше претставен во најновата репортажа на National Geographic Traveller (UK) како едно од најстарите езерски населби во Европа, место каде историјата не е музејски експонат и дестинација која успеала да го зачува својот автентичен дух.

Во текстот се истакнуваат природните убавини на Охридското Езеро, богатото културно наследство и уникатните охридски бисери, чија традиција се пренесува со генерации. Посебно внимание е посветено на црквата „Св. Јован Канео“, манастирот „Св. Наум“ и старото градско јадро.

Авторката Емили Браун го опишува Охрид како место каде времето тече побавно, а посетителите можат да уживаат во спојот на историјата, природата и локалната култура.

Репортажата потсетува и на исклучителната природна вредност на езерото. Кристално чистата вода, видливоста која достигнува и до дваесет метри и богатството од ендемски видови се причините поради кои регионот е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО како природно и културно богатство од исклучително значење.

Во Европа која постојано брза, Охрид останува потсетник дека вистинските вредности понекогаш се кријат токму во местата каде времето застанало доволно долго за историјата да остане жива.

ИЗДВОЕНИ