Евровизиската ѕвезда никогаш посреќна! Евровизиската ѕвезда Марија Шерифовиќ е на одмор на егзотичните острови Бали со целата своја „тајфа“. Со неа се нејзиното синче, мајка ѝ Верица, полубратот Даниел и, секако, нејзината девојка Јована Пајиќ, во која е лудо вљубена и поодамна не го крие тоа. Па кога може српската премиерка Брнабиќ, може и српската естрадна ѕвезда Шерифовиќ. Зошто да не? Тоа де, да е вљубена во истиот пол.
Сите тие уживаат на Бали иако е многу скапо таму, но Марија е таа што плаќа сè – од егзотичните сокови до најновата гардероба што ја купуваат Јована, Верица и Даниел во скапите бутици. Блескаат од среќа, а девојката на Марија изгледа најсреќно. Ем вљубена ем супер си поминува, ништо да не плати од свој џеб.
Самата Марија вели дека е особено радосна поради својата мајка, Верица, на која сака да ѝ се оддолжи со ова летување за сè што ѝ има дадено во животот, а тоа е она најважното: мајчинската љубов и полно разбирање. Секако, поради прифаќањето на нејзината лезбиска ориентација. Мајка ѝ Верица ни на сон не се откажа од неа, без разлика на тоа што никогаш ќерката нема да ѝ донесе зет.
– Ова е мојата сакана Верка. Мајка ми го живее најдобриот можен живот – напиша емотивно Марија во описот на фотографиите од Бали.
(Д. М.)












