Обединетите нации избираат нов генерален секретар со петгодишен мандат, почнувајќи од 1 јанури 2027 година, а меѓу кандидатите се Рафаел Гроси од Аргентина, Мишел Башеле од Чиле, Ребека Гринспајн од Костарика и Маки Сал од Сенегал.
Кандидатите ги номинираа државите членки на ОН, а процесот на избор го води Советот за безбедност на ОН, кој ќе предложи еден кандидат на Генералното собрание, пренесувс „Ројтрерс“.
СБ на ОН користи тајно гласање, додека не се постигне консезис, а конечкиот избор бара согласност од пет членки со право на вето – САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија.
Рафаел Гроси, ветеран на аргентинската дипломатија и директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, ја истакнува потребата за реформа на ОН и поголема ефикасност на организацијата.
Мишел Башеле, поранешна претседателка на Чиле и поранешна воена комесарка на ОН за човекови права се докусира на обновување на довербата во ОН.
Ребека Гринспајн, поранешна потпретседателка на Костарика и актуелна секретарка на Конференцијата на ОН за трговија и развој, се залага за храброст и реформи за зачувување на улогата на ОН во мирот и развојот.
Маки Сал, поранешна претседателка на Сенегал, ја нагласува потребата ОН да се модернизира и поефикасно да одговори на предизвиците на 21 век.
Генералното собрание, потсетува Ројтерс, усвои резолуција во септември 2025 година со која се бара од кандидатите да ги декларираат своите визии и извори на финансирање, а кандидатите кои веќе имаат позиции во ОН треба да размислат за привремено прекинување на своите активности за да избегнат судир на интереси.
Генералниот секретар на ОН е „главен административен службеник“ на организацијата, комбинирајќи ги улогите на дипломат, извршен директор и застапник за глобални прашања, објаснува Ројтерс.
Актуелниот генерален секретар, Антонио Гутереш, надгледува илјадници цивилни службеници и 11 мировни операции, со годишен буџет на ОН од 3,45 милијарди долари и буџет за мировна мисија од 5,4 милијарди долари.
Постои растечка поддршка за изборот на првата жена на оваа позиција во 80-годишната историја на ОН, а резолуцијата на Генералното собрание ги повикува земјите сериозно да ги разгледаат кандидатурите на жени кандидатки, пренесува „Танјуг“.












