петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Малолетник со тротинет удрил во 32-годишна жена во Тетово: Во неконтактибилна состојба...

Малолетник со тротинет удрил во 32-годишна жена во Тетово: Во неконтактибилна состојба е пренесена е на клиника

36

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет, управуван од 16-годишен малолетник од село Лисец, удрил во пешакот И.Ѓ. (32) од село Непроштено.

По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде, поради сериозноста на здобиените повреди, таа е префрлена на понатамошно лекување во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје.

На местото на настанот е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово

ИЗДВОЕНИ