четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Малолетничка вознемирувана и следена од 23-годишник, таткото го пријавил во полиција

Малолетничка вознемирувана и следена од 23-годишник, таткото го пријавил во полиција

62

Во полициската станица во Тетови вчера во 19:10 часот, 49-годишник од тетовско пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од кратовско, со кого се познавале од претходно.

Според пријавеното, одреден период лицето ја вознемирувало од различни телeфонски броеви и од лажни профили на социјални мрежи, а истиот ден околу 16:50 часот, по завршувањена наставата, ја следел од средното училиште во кое учела до автобуската постојка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ