сабота, јули 11, 2026
Дома СВЕТ Мал авион се урна на Бахамите: Ниту еден преживеан

Мал авион се урна на Бахамите: Ниту еден преживеан

15

Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица во леталото, соопштија денеска локалните власти.

Авионот „Цесна 402“, управуван од локалната авиокомпанија „Фламинго ер“, полета во петокот од Меѓународниот аеродром „Линден Пиндлинг“ во Насау, упатувајќи се кон аеродромот „Сан Андрос“.

За време на летот, авионот наишол на потешкотии и се урнал во грмушките непосредно пред слетувањето, пренесува Би-би-си.

ИЗДВОЕНИ